Поразот во „Ел Класико“ од 0-4 го вклучил алармот во Мадрид, па шпанскиот медиум „Марка“ открива зошто Маријано Диаз доби шанса пред Лука Јовиќ.
„Марка“ пишува дека 24-годишниот српски напаѓач сите ги разочарал сите во клубот, како и тренерот Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Неговите соиграчи сметаат дека секојдневните перформанси се далеку од идеални кога станува збор за преземање одговорност за која треба да се бори, посебно кога пред него е Карим Бензема. Во соблекувалната велат дека не го ни забележуваат Јовиќ кога ќе дојде на тренинг. Анчелоти го исклучи Србинот поради ладниот став во тренинзите. Неговата мрзеливост донесе до тоа дури и Маријано да добива предност пред него“, пишува медиумот.