Дома Фудбал Италија Зошто Келаифи ја сака токму Рома и како би можел започне проектот „италијански ПСЖ“?

Зошто Келаифи ја сака токму Рома и како би можел започне проектот „италијански ПСЖ“?

Изминатите дена во италијанските, а потоа и во француските медиуми се појавија шпекулации дека на повидок е создавање на „италијански ПСЖ“.

„Италијански ПСЖ“ доколку шпекулациите станат реалност би требало да биде Рома. Имено, богатиот сопственик на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи „загризал“ токму за „волчицата“ и во неа гледа одлична база за својот нов проект.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ваквите најави прво се појавија во италијанските медиуми, а набрзо потоа ги демантираше актуелниот сопственик на Рома, американскиот бизнисмен, Џејмс Палота.

Меѓутоа и после неговиот демант гласините продолжија, а француски „Л’Eкип“ дополнително ја разработи оваа можност убедувајќи дека информациите за менување на сопственичката структура на Рома се точни.

И шпанска „Марка“ донесе своја приказна, а сите европски медиуми кои го истражуваат овој случај се сигурни дека првите конкретни чекори се веќе направени.

ЗОШТО БАШ РОМА?

Насер Ал-Келаифи сака да го прошири своето фудбалско царство, а Рома за свој нов проект ја избрал од едноставна причина.

Имено, Ал-Келаифи сака да вложува во клубови кои доаѓаат од европските метрополи, па така за своја нова база ја избрал италијанската престолнина.

Ал-Келаифи и неговите соработници не сакаат да трошат време и пари на клубови од малите средини со оглед дека сметаат дека тие по правило немаат потенцијал како клубовите од големите градови. Покрај тоа и тешко е да се замисли дека би можеле да го превземат клубот кој подолго време доминира во Италија, а тоа е Јувентус.

Значи, избран е Рим. Потоа се бирало помеѓу Рома и Лацио. Рома за Келаифи била логичен избор со оглед на контроверзната репутација која ја има Лацио и која би можела да ги наруши неговите деловни работи.

Треба да се истакне дека Рома наскоро заедно со градот Рим ќе гради нов стадион, а компаниите на Ал Келаифи би можеле многу да им помогнат кога се финансиите во прашање.

„КАТАР СПОРТС „ИНВЕСТМЕНТС““.

Ал Келаифи не е директен сопственик на ПСЖ. Тој е сопственик на „Катар Спортс Инвестментс“ компанија која е сопственик на ПСЖ, а токму тој факт претставува мала препрека во неговите наводни планови за превземање на Рома.

Бидејќи „Катар Спортс Инвестментс“ веќе го поседува ПСЖ, нема да може да го превзема управувањето на Рома. Поради тоа превземањето на Рома ќе мора да оди преку нова компанија, новоформирана или веќе постоечка. Едно е сигурно тоа би било сестринска компанија на „Катар Спортс Инвестментс“.

На крајот треба да се потсети дека „Катар Ервејс“ веќе е еден од најголемите спонзори на Рома. Значи, „волчицата“ веќе е поврзана со катарските компании, „Катар Ервејс“ е компанијата која би можела да биде влезницата за новиот проект на Ал-Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…