Младата ѕвезда на португалскиот фудбал Жоао Феликс кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.
Одличниот напаѓач го привлече вниманието на европските гиганти со игрите во дресот на Бенфика и беше очекувано дека во голем трансфер ќе го напушти клубот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, ретко кој очекуваше дека неговиот избор ќе биде Атлетико Мадрид, бидејќи претходно се поврзуваше со Реал, Јунајтед, Сити и Јувентус.
Реал Мадрид до самиот крај беше во игра за младиот фудбалер. Дури понудиле и повеќе пари од Атлетико, но Бенфика одлучи да го продаде за сумата која ја бараше, односно 120 милиони евра.
Причината е сосема едноставна. Точно е Реал дека понудил 130 милиони евра, но понудата била 80 милиони веднаш и 50 милиони кои би ги добиле откако ќе освојат трофеи.
Тоа португалскиот шампион веднаш го одбил. Одлучиле да го продадат Феликс на Атлетико за сума од 120 милиони евра, а му била даде и можност на самиот фудбалер да ја избере следната средина.
На крајот Жоао се одлучил за Јорганџиите. Наскоро се очекува и официјална потврда на играчот кој сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Диего Симеоне.