Ливерпул вчера направи голем пресврт во полуфиналето од Лигата на шампионите и со 4:0 ја исфрли Барселона и обезбеди место во големото финале.
„Црвените“ во првиот натпревар на „Камп Ноу“ беа поразени со 3:0 и изгледаше дека во овој двомеч се е решно, но избраниците на Клоп приредија сензационален пресврт.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од хероите на овој натпревар беше голманот Алисон кој одбрани неколку одлични прилики на играчите на Барселона. Освен поради одбраните, Алисон приивлече внимание и со својот дрес.
Имено, Алисон за прв пат оваа сезона настапуваше во сива гарнитура на дресови, Ливерпул објави дека овој дрес не може да се купи бидејќи е посебно дизајниран за натпреварот против Барселона.
Главната причина поради која Алисон не беше во вообичаениот дрес е што тој е скоро ист како бојата на дресовите во кои настапуваат фудбалерите на каталонскиот тим.
Поради тоа Ливерпул беше приморан да пронајде некое решение, а спонзорот „Њу Баланс“ брзо реагираше. На навивачите им се допадна дресот, но за жал тие не можат да го купат затоа што го нема во продажба.