Дома Фудбал Италија Значи ли ова поголема минутажа? Гатузо го фалеше Елмас

Значи ли ова поголема минутажа? Гатузо го фалеше Елмас

Oткако Џенаро Гатузо дојде на клупата на Наполи македонскиот фудбалер Елиф Елмас скоро и да не добива простор за игра.

Елмас беше резерва и вчера против Лацио, сепак доби 20-тина минути од Гатузо. Кога се ќе се собере Елмас од кога дојде Гатузо во Серија А има само 24 минути, додека во купот одигра 90 минути против Перуџа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вчера Елмас го замени Каљехон, а после натпреварот доби пофалби од Гатузо.

„Му честитам на Елмас, денес беше одличен. Влезе на местото на Каљехон и донесе вистински дух на теренот, дури и кога бевме под притисок. Во него повторно видов вистински ритам и дух“, изјави Гатузо на конференцијата после натпреварот.

Наполи вчера го совлада Лацио со 1:0 и така се пласираше во полуфиналето на купот на Италија.

Значи ли оваа изјава на Гатузо дека Елмас ќе добива повеќе простор за игра во следните натпревари?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…