Реални шанси за титулата Арсенал оваа сезона нема, а оваа изјава веројатно нема да им се допадне на фановите на „топџиите“.
Иако неколку фудбалери на големо се поврзуваа со Арсенал, дооколку се суди според изјавата на Арсен Венгер нови имиња во јануари на „Емирати“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нема шанси да промениме десет фудбалери во јануари. Тимот 90% ќе остане истиот. Доколку ни се укаже шанса да се засилиме секако дека ќе го направиме тоа. Мислам дека имаме широк кадар, а мислам дека моите фудбалери го поседуваат потребниот квалитет“, процени Венгер.
Кога ќе се погледне минатото можеме да забележиме дека Венгер нема навика да купува во јануари. Откако во 2009 година го доведе Аршавин, само уште тројца фудбалери потпишаа договори со Арсенал во текот на јануари: Мохамед Елнени, Габриел Паулиста и Начо Монреал.