Да, чудно е кога ќе чуете или помислите вакво нешто. Скопје и Македонија се многу попознати во светски рамки по други нештоа, како ракомет, едно време и кошарка, но никогаш и никако по хокејот. Барем не во нашето сеќавање.
Во изминавите години во Македонија се одржале неколку ракометни натпреварувања од европски и светски ранг. Нив ги памтиме. Но, верувале или не, Скопје како град бил домаќин и на Светско првенство во хокеј.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа се случило во 1969 година, кога Скопје, заедно со уште два други европски града, беа домаќинско трио на 36. Светско првенство во хокеј на мраз. Истото случувања тогаш, се поклопило со 47. Европско првенство во хокеј на мраз. За потребите на тие натпревари, под Кале била израдена сала со лизгалиште.
Шведски Стокхлм и југословенските градови Љубљана и Скопје беа домаќини на овие светски хокеарски дуели во таа 1969 година. Најсилните тимови кои во ждербот биле сместени во првиот сад А од кој биле извлекувани дуелите, играле во Шведска. Тимовите од садот Б, кои биле со средна јачина во играта, играле во Љубљана, а најславите тимови од садот Ц дуелите ги играле во Скопје, каде и официјално било отворено Светското првенство на 24 февруари, 1969 година.
Во Скопје се одиграле 16 хокеарски натпревари меѓу Јапонија, Швајцарија, Унгарија, Холандија, Бугарија и Данска. Со овие хокеарски натпревари, Скопје стана најјужниот град-домаќин на едно Светско хокеарско првенство.
Првично, замислата била овие натпревари да се играат во Чехословачка. Но, во тој период Советскиот сојуз ја извршил инвазијата врз Чехословачка, па тие го откажале нивното учество како домаќини. Чехословачкиот и Советскиот хокеарски тим на ова светско првенство два пати ги измерија силите на мразот во рамки на ждребот од садот А. И двата натпревари ги добија Чехословаците, но сепак, тоа не беше довоно да ги спречат Советите да се изборат за седмата по ред титула светски шампиони во хокеј на мраз.