Oткупната клазула во неговиот договор повеќе нема важност.
Ова лето имаше голем интерес за голем број првотимци на Ајакс, некои си заминаа, а некои помеѓу кои е и Зијеш на големо изненадување остана. За Зијеш многу се пишуваше, но на крајот тој остана во Амстердам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека во втората половина на август Мароканецот потпиша нов договор со Ајакс кој има важност до 2022 година. Сега холандски „Телеграф“ откри еден важен детал од новиот договор на Зијеш – нема откупна клазула!
Во претходниот договор на Зијеш тој можеше да замине ако некој клуб плати 30 милиони евра. За денешни услови тоа и не е некоја голема сума, посебно ако се знае како игра Зијеш.
Во новиот договор нема откупна клазула и ако некој го сака тој ќе мора да седне на преговарачка маса и да се договори со Ајакс. Ајакс сигурно играчот кој минатата сезона на 49 натпревари постигна 21 гол, а оваа шест на 14 натпревари нема да го продаде за 30 милиони евра.
Според она што го пишува холандскиот медиум во Амстердам би можеле да се согласат да го продадат за 50 милиони евра.