Според последните најави Зидан ќе направи нешто неочекувано, иако идејата јасна.
Како што стојат работите изгледа дека Зидан ја решил и последната дилема пред вечерашното финале во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изгледа дека во Киев, Герет Бејл ќе добие предност во однос на Иско, што е сепак изненадување бидејќи Зидан финалето во Кардиф го доби со Велшанецот на клупата.
Што значи тоа во тактичка смисла?
Значи, со 4-3-3 ќе му се спротистави на Клоп во Киев, со Касемиро, Модриќ и Крос, зад тројцата офанзивци. „ББС“ последен пат зедно играше против Барса, а ова вечерва би можело да биде и последен пат да ги гледаме во ист дрес.
Офанзивната веријанта секако е ризична, но содржи и идеја да се оптерети десната страна на Ливерпул каде што се очекува да настапи неискусниот Трент Александер Арнолд, а со самото тоа и да го примора Салах да помага во дефанзивата.
Клоп најверојатно ништо нема да менува, освен Арнолд и Робертсон по страничните позоции, Ловрен и Ван Дијк во средината на одбраната, а триото Хендерсон, Ванијалдум и Милнер ќе се обиде да се спротистави на силната средина на „кралевите“.
Во нападот стадардно, Мане и Салах по страничните позиции, Фирмино најистурен.
Како и да е според ова двата клуба ќе тргнат со 4-3-3, па можеме да очекува атрактивно финале.