Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е разочаран од резултат од првиот натпревар во осминафиналето против Манчестер Сити, но порача дека тој и екипата мора да останат позитивни.
Реал беше поразен од Сити со 1:2 и ако сака да остане во ова натпреварување на Етихад ќе мора да оствари победа со најмалку два постигнати погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан вели дека неговиот тим скапо ги платил грешките, но дека ќе се играат уште 90 минути и се е можно.
„Разочарани сме, но знаат сите дека се играат 180 минути и дека се е можно. Направивме неколку грешки кои скапо ги плативме. Но, и грешките се дел од фудбалот, нормално е да се случуваат.“
Недостатокот на концентрација, со повеќе грешки, беше пресудно.
„Не беше можно така да победиме. Дадовме се на теренот, но ни недостасуваа тие десет минути концентрација. Натпреварот беше физички исцрпувачки, а на крајот од натпреварот плативме скапо.“ – изјави Зидан по натпреварот.
Реванш натпреварот е на распоредот на 17 март. на стадионот Етихад.