Дома Трансфер зона Зидан не го пушта Мората, првото засилување пристигнува во вторник!

Зидан не го пушта Мората, првото засилување пристигнува во вторник!

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не сака да се откаже од услугите на Алваро Мората, а во вторник се очекува и официјално да биде потврдено првото засилување.

И покрај тензиите на релација Зидан-Мората, Французинот не сака да се откаже од напаѓачот. Тој нема да намера да купува нови напаѓачи, смета дека засилувања се потребни во другите линии на тимот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Зидан ќе разговара со Мората и ќе се обиде да го убеди да остане. Во спротивно Реал ќе бара 70 милиони евра за момчето кое израсна младинските категории на шпанскиот клуб.

Мората сака да замине бидејќи знае дека додека е Бензема во клубот тој нема да биде прв избор, но кој ќе ја плати споменатата сума?

Се зборува за Челзи и Арсенал, сега Милан исто така покажува интерес за поранешниот напаѓач на Јувентус, но мали се шансите Шпанецот да се врати во Серија А.

Во меѓувреме Реал во вторник ќе го официјализра првиот трансфер. Кралскиот клуб ќе ја плати клазулата за Винициус Жуниор, “новиот“ Нејмар. Фламенго ќе инкасира 45 милиони евра, а младиот Бразлиец ќе остане уште две сезони во татковината пред да пристигне во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…