Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес жестоко одговори на критиките кои беа упатени изминатите денови на адреса на „кралскиот“ клуб.
Реал се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампиони со гол од „контроверзен“ пенал во 93-та минута, што предизвика бура од реакции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонските медиуми тоа го прогласија за „грабеж на столетието“, а италијанските медиуми го обвинија Реал Мадрид дека секогаш има помош од судиите.
„Не ми пречи луѓето да даваат свое мислење за пеналот. Но, јас сум лут на обвиненијата за грабеж. Луѓето се љубоморни на нашите постигнувања. Има луѓе кои се антифанови на Реал. Но, никој нема да ја промени историјата на најголемиот клуб во светот. Тие можат да кажат или да пишуваат што сакаат. Тоа не е нормално, целата оваа дебата околу пеналот. Сето тоа е премногу“, изјави Зидан, а потоа го коментираше престојното полуфинале со Баерн Минхен.
„Шансите се 50-50, иако првиот меч го играме на гостински терен. Како клуб и како тим знаеме против кого играме, Баерн е подобар од минатата година“, заклучи Зизу.