Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан има само една дилема за составот: Подготвени сме да страдаме!

Зидан има само една дилема за составот: Подготвени сме да страдаме!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е свесен дека му претстои тежок меч во Минхен, но истакна дека тимот е спремен да „страда“ за да стигне до финалето.

„Може да се случи се, но сигурно дека ние нема да се посереме во гаќи. Подготвени сме да одиграме голем меч. Ќе страдаме, но така е во фудбалот“, истакна Зидан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Секој фудбалер сака да биде на теренот во вакви натпревари. Не се сомневам дека ќе дадеме 150% од себе си. Во овој дуел нама фаворит“, додаде Зизу.

Медиумите тврдат дека Зидан веќе ги одбрал 10-те фудбалери кои ќе го почнат мечот и има само една дилема. Прашањето е кој ќе биде во стартниот тим помеѓу Карим Бензема, Лукас Васкез и Марко Асенсио.

Сигурни 10 се Кејлор Навас, Даниел Карвахал, Рафаел Варан, Серхио Рамос, Марсело, Касемиро, Лука Модриќ, Тони Крос, Кристијано Роналдо и Иско.

Герет Бејл воопшто не е во плановите и ќе биде на клупата откако Зидан во последно време изгуби доверба во него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…