Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан горд на своите момци, посебно на…

Зидан горд на своите момци, посебно на…

Реал Мадрид синоќа загуби со 2:1 на „Винсенте Калдерон“но тоа беше доволно „кралевите“ да се пласираат во ново финале од Лигата на шампиони.

Зидан после мечот не можеше да го сокрие задоволството и истакна дека е горд на своите момци, а особено го пофали својот сонародник Карим Бензема.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Заслужено сме финалисти. Играчите се најзаслужни. Имавме проблеми на стартот од натпреварот, во првите 20-25 минути, но не бев загрижен, знаев дека ќе дојдат нашите минути. Во вториот дел бевме многу подобри со Иско и Бензема кои делуваа меѓу линиите“, изјави Зидан.

Тренерот на Реал е восхитен од потегот на Бензема, кој покрај тројца дефанзивци на Атлетико ја креираше акцијата по која Иско го постигна решавачкиот гол.

„Не знам како успеа да се извлече од таа ситуација. Фудбалот не се само головите. Задоволен сум како играше Бензема. Не беше стрелец, иако имаше една шанса“, истакна Французинот.

„Против Јувентус ќе биде специјален натпревар. Тие се клуб кој е многу важен за мене, кој го трасираше патот на мојата кариера како играч. Јуве ми даде се, но тоа е финале и ја сум тренер на Реал Мадрид, клубот на мојот живот. Ќе биде убаво финале, во тоа немам сомнеж“, заклучи на крајот Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…