Дома Топ вести Зидан ги сака Погба и Мбапе во пакет

Зидан ги сака Погба и Мбапе во пакет

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака да го гради новиот тим околу двајца светски шампиони со Франција, тврдат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Пол Погба и Килијан Мбапе. Двајцата веќе подолго време се на радарот на „кралевите“ и се поврзуваат со трансферво Реал Мадрид.

Реал Мадрид ова лето не успеа да ги договори нивните трансфери, па Погба и Мбапе останаа во своите клубови, Манчестер Јунајтед односно ПСЖ.

Меѓутоа Зидан не се откажува од идејата да ги донесе во својот тим и планира поголемиот дел од буџетот за трансфери следното лето да го потроши на нивниот потпис.

Реал Мадрид во својот тим веќе го има Рафаел Варан, па со доаѓањето на Погба и Мбапе ќе изграфи силна француска врска во тимот.

Сепак, тоа воопшто нема да биде едноставно, бидејќи Јунајтед за потписот на Погба бара 150 милиони евра, а ПСЖ не сака да слушне да го продаде својот „бисер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…