Дома Топ вести Зидан верува во невозможното: Можеме до титулата!

Зидан верува во невозможното: Можеме до титулата!

zidane

Реал Мадрид 12 кола пред крајот на сезоната во Примера заостанува 15 бодови зад лидерот Барселона.

Каталонците во рамките од 27 коло во недела го пречекуваат Атлетико Мадрид кој пак е „пет чекори“ зад Барса. Иако веќе многумина го сметаат Реал Мадрид елиминиран за борбата за титулата, Зидан и понатаму верува дека не е невозможно неговиот тим да стигне до титула.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Првенството се уште не е готово. Во тешка ситуација сме, но ништо не е невозможно и можеме до титулата. Па погледнете ги Атлетико и Барселона. Кој можеше да претпостави дека Атлетико ќе дојде на само пет бодови и дека во наредното коло имаат прилика да стигнат до -2!? Дали вие тоа можевте да го замислите? Не го направивте тоа? Епа, ви благодарам. Гледате, ете поради тоа сум оптимистичен“, зборуваше францускиот стручњак.

Треба да се додаде дека во случај да се остварат зборовите на Зидан и Реал ја надополни предноста од -15 би го направил едно од најголмите чуда во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…