Новак Ѓоковиќ веќе го обезбеди првото место во групата на завршниот турнир во Торино, а тоа значи дека во полуфиналето силите ќе ги одмери со Александар Зверев.




Ѓоковиќ има дури шест победи од последните седум меча со Зверев, но Германецот нема намера однапред да се предаде.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Оваа година игравме само натпревари во финалиња на големи турнири. Во последно време ова се многу неизвесни натпревари, така што и овојпат не очекувам ништо поинаку. Претпоставувам дека топка или две ќе решаваат се, па дефинитивно гледам шанса. Ќе бидам подготвен за тешка и неизвесна борба“, изјави Зверев