Александер Зверев шокантно призна дека имал симптоми на коронавирус пред да испадне во четвртото коло на Ролан Гарос од Јаник Синер.
По поразот, 23-годишниот Германец, со маска на лицето, изјави дека имал температура од 38 степени во текот на вечерта по победата во пертходното коло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немам повреди, но многу бев болен по мечот со Марко Чекинато. Што да кажам. Болен сум. Не можам да дишам добро, како што можете да чуете, а имав и треска. Тоа влијаеше на денешниот меч. Можеби не требаше да играм“, изјави Зверев.
На пресот по поразот, тој одби да каже кога последен пат бил тестиран на Ковид, а тоа крена голема прашина во јавноста.