Црвена Звезда втора година во низа обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, сега српскиот клуб ја објави цената на влезниците за трите натпревари против Олимпијакос, Тотенхем и Баерн Минхен.
Цените на прв поглед изгледаа високо и ако се распродаде северната трибина тогаш Звезда би имала заработка од околу еден милион евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Цена за блок (сите три натпревари) влезници:
Север – 12.000 српски динари (6.240 денари)
Југ – 12.000 српски динари (6.240 денари)
Исток центар – 30.000 динари (15.600 денари)
Исток странa – 24.000 динари (12.480 денари)
Запад центар – 36.000 динари (18.720 денари)
Запад странa – 30.000 динари (15.600 денари)
Запад ВИП – 60.000 динари (31.201 денари)
ВИП 1 – 90.000 динари (46.801 денари)
ВИП галерија – 90.000 динари (46.801)
Оние кои имаат купено сезонски карти имаа попуст од 50% при купувањето на било кој пакет. Првиот домашен натпревар Звезда го игра во октомври против Олимпијакос.