УЕФА пред два дена го прекина договорот со „Газпром“ поради ситуацијта во Украина, истото го направи и тимот на македонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов. Сепак, Црвена Звзезда нема да постапи така.
„Газпром“ е спонзор и на Црвена Звезда, а генералниот директор на спрскиот тим, Звездан Терзиќ порача дека УЕФА не побарала клубовите да се откажат од соработка со „Газпром“. Се шпекулираше дека проблем може да се направи ако се игра на натпревари под капата на УЕФА со дресови на кои стои руската компанија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не сме добиле барање да го тргнеме генералниот спонзор од нашите дресови искрено се надевам дека тоа нема да се случи. Тоа би било лудо барање. Компанијата Газпром со Звезда од 2010 година, беше наша поддршка кога на клубот му се закануваше банкрот. Можеби тогаш Звезда и не заслужуваше таков гигант за спонзор, но веруваа во нас и да не беа тие клубот немаше да биде на ова ниво на кое е сега“, изјави Терзиќ.