Дома Фудбал Останато За Југославија на Светското првенство во 1998 година се одело со мито!

За Југославија на Светското првенство во 1998 година се одело со мито!

Голем скандал од времето на југословеснската фудбалска репрезентација денес открива Дејан Петковиќ – Рамбо.

За тогаш силната репрезентација на Југославија играа големи имиња, но помеѓу нив беше Дејан Петковиќ.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Популарниот Рамбо во својата репрезентативна кариера може да се пофали само со шест настапи за Југославија и еден постигнат гол за националниот тим, а бројни навивачи и денес жалат што почесто не го гледаа во дресот на Југославија. Сега Петковиќ открива дека му било побарано да плати.

Тој за бразилските медиуми зборуваше за „урбаната легенда“ според која се зимало и околу 150.000 марки и ги потврди таквите гласини. Тој откри дека му било барано пари преку посредник за да учествува на Светското првенство во 1998 година кое се одржуваше во Франција.

rambo

„Ми кажаа дека петмина или шестмина веќе платиле. Директно ми беше кажано – ако платиш одиш на Светското првенство. Не ми кажа никој од репрезентацијата, туку преку посредник. Тогаш тоа пренесов на Пол Карнеир (претседател на тогашниот клуб на Петковиќ, Виторија). Тој ми кажа дека ќе плати и двојно повеќе само за да одам. Меѓутоа јас ја одбив неговата понуда“, изјави Петковиќ во „СпортТВ“, емисија на бразилскиот „ГлобоЕспорте“.

Ќе потсетиме, претседателот на тогашниот ФС Југославија беше Милијан Милјаниќ, генерален секретар беше Бранко Булатовиќ, а од селекторотското столче репрезентацијата ја воеше Слободан Сантраќ кој повеќе не е помеѓу живите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…