Дома Трансфер зона За Фабио Борини се заинтересирани многу клубови

За Фабио Борини се заинтересирани многу клубови

Фудбалерот на Милан, Фабио Борини наводно има многу понуди.

„Calciomercato“ објави дека 28-годишниот фудбалер е желба на Парма и Лацио во Италија, но има многу клубови во странство кои се подготвени да го откупат договорот на играчот кој на „Сан Сиро“ го користат на неколку позиции. Кинеските и арапските клубови исто така покажале интерес за Борини, кој и понатаму е член на Милан, иако многумина го отпишаа многу одамна.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За тоа дали ќе остане или ќе си замине ќе одлучи новиот тренер Стефано Пиоли, а ако има потреба да си оди, Борини нема да има проблеми со наоѓањето на нова екипа. Поранешниот млад и еднаш сениорски репрезентативец на Италија играше во Парма, Челзи, Ливерпул, Сандерленд и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…