Дома Фудбал Германија За стоперот на Баерн сезоната е завршена, а го пропушта и Европското првенство

За стоперот на Баерн сезоната е завршена, а го пропушта и Европското првенство

Никлас Зуле се повреди во натпреварот помеѓу Аугусбург и Баерн и на крајот се покажа дека повредата е потешка отколку што се мислеше на почетокот.

Зуле поради кинење на лигаментите на десното колено ќе го пропушти остатокот од сезоната, а освен што тоа е лоша вест за Баерн е и за репрезентацијата на Германија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, според денешните информации на германските медиумите тој нема да биде спремен и за Европското првенство кое се игра наредната година.

„Ова е катасатрофа! Како што сега стојат работите сезоната за него е завршена, а може да го заборави и Европското првенство“, изјави потпретседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге.

И Хасана Салихамиџиќ е разочаран поради ситуацијата во кој се најде Зуле.

„Многу ми е жал што се случи таа повреда. Операцијата беше успешна, разговарав и со Никлас и докторот Кристиан Финк. Ќе мора напорно да работи за да се опорави“, порача Салихамиџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Каков удар за Реал Мадрид, познат судија откри сè: Постои таа темна страна на фудбалот…

Поранешниот шпански судија Ксавиер Естрада Фернандез сведочеше за притисокот што го имал к…