Дома Останати За скандалот се огласи Гетлин: Изненаден сум и шокиран, нема да дозволам да се шират лаги за мене!

За скандалот се огласи Гетлин: Изненаден сум и шокиран, нема да дозволам да се шират лаги за мене!

Како што беше објавено новинарите на „Дејли Телеграф“ кои биле на тајна задача открија шокатни информации.

Имено, тие се претставиле како луѓе од филмската индустрија и побарале од од тренерот на Гетлин да ги спреми физички, а тој им понудил допинг.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После сето ова Гетлин го отпушти тренерот, а сега се огласи и во јавноста.

„Не користам и никогаш не сум користел супстанци за да го подобрам мојот настап. Изненаден сум и шокиран, кога овие информации стигнаа до мене веднаш ја прекинав соработката со мојот тренер. Сите законски опции се во можност, не сакам да дозволам другите да ширалт лаги за мене“, остро истакна познатиот спринтер.

Да потсетиме Гетлин во минатото веќе два пати беше суспендиран поради користење недозволени супстанци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…