Како и во сите посилни првенства сезоната во Премиер лигата влегува во самата завршница, а секако најинтересно е она што се случува на врвот – трката помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
Интересно е секако и во борбата за опстанок, како и за местата кои водат во Лигата на Европа или Лигата на шампионите наредната сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Њукасл е тим кој веројатно горе-долу ја има обезбедно сезоната, не можат да се надеваат на Европа, а се во прилично сигурна зона со пет бода предност од опасната зона на 13-тата позиција. Пет бода кога се условно кажано послабите тимови во прашање се навистина голема разлика поради тоа што потешко победуваат.
Она што на англиските статитичари им „падна во очи“ е статистиката која ја Њукасл оваа сезона. Верувале или не Њукасл има иста статистика како и минатата сезона во овој период.
Како што кажавме Њукасл се наоѓа на 13-тата позиција со 35 освоени бодови. После 31 одигран натпревар тимот на Рафа Бенитез има девет победи, осум нерешени и 14 порази со гол разлика -9 односно 31:40.
Не се поклопуваат само бодовите туку се – победите, поразите, нерешените натпревари дури и гол разликата!
Ова е навистина единствен случај во светот на фудбалот кој тешко може некогаш да биде повторен. Минатата сезона на крајот Њукасл заврши на 10-тата позиција со 44 освоени бодови.
#NUFC at this stage last season:
P 31, W 9, D 8, L 14, GF 31, GA 40, GD -9, Points 35#NUFC at the same stage this season:
P 31, W 9, D 8, L 14, GF 31, GA 40, GD -9, Points 35
?
— Toon Polls (@ToonPolls) March 16, 2019