За рекордно време потполнет бројот од 400 учесници на шестиот ракометен камп “Кирил Лазаров 7”
И официјално пријавувањето за шестиот ракометен камп на капитенот е завршено. Како што беше очекувано, за само 20 дена од првичната објава за пријавување на шестиот камп капацитетот од 400 кампери се исполни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интернационалноста оваа година ја даваат учесниците од Шведска, Данска, Холандија, Србија, Босна, Хрватска, Австрија, Романија, Германија, Словенија и Шпанија. Секако најголем број на учесници има од Македонија, што беше и првичната идеја на Лазаров од првиот камп во 2015, да учествуваат само деца од татковината.
Но неговата ракометна големина од година во година го зголемува бројот на странските деца и земјите од кои тие доаѓаат. Кампот и оваа година ќе се реализира во две смени, а на него можеа да се пријават деца и младинци на возраст од 7 до 18 години.
Локацијата е иста, прекрасниот комплекс на хотел “Аквалина” кој се наоѓа на брегот на Охридското езеро. Првата смена започнува на 19 јуни а завршува на 25 јуни, додека втората смена стартува на 25 јуни а затворањето на кампот е на 1 јули. Како и во изминативе пет години 24 часовното присуство на Лазаров во тие 14 дена е причина плус за големиот интерес да се биде дел од кампот.
Признанијата кои доаѓаат за успешната организација и реализација на богатите содржини на кампот на капитенот, само го верификуваат квалитетот на двонеделното заедничко живеење на преку 400 учедници во име на ракометот. Така ќе биде и ова лето.