Обина Ани ќе биде првито Нигериец кој ќе настапува во македонската ракометна Суперлига, откако утрово ГРК Тиквеш објави дека тој ќе биде нивно ново засилување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ани кој е и репрезентативец на Нигерија се најавува како големо засилување за тимот од Кавадарци на десната бековска позиција.
Зад себе Тиквеш има солидна сезона во која успеа да обезбеди и настап во ЕХФ Купот, па се надева дека Ани ќе ги исполни очекувањата.