Дома Фудбал Англија „За пет години никој нема да се сеќава на Тен Хаг, Роналдо сите ќе го паметат“

„За пет години никој нема да се сеќава на Тен Хаг, Роналдо сите ќе го паметат“

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Грем Сонес застана на страната на Кристијано Роналдо по исфрлањето и враќањеto во тимот на Манчестер Јунајтед на Португалецот.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг одлучи оваа сезона Роналдо да биде резервна опција за нападот на Јунајтед, 37-годишниот фудбалер е незадоволен од тоа, а се кулминираше на натпреварот против Тотенхем кога Роналдо ја напушти играта на самоиницијативно пред крајот бидејќи не доби шанса да влезе во игра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По овој инцидент, Тен Хаг го отстрани центарфорот од првиот тим, но набрзо повторно им се придружи со соиграчите.

Сонес јасно застана на страната на фудбалерите во овој конфликт и даде интересна изјава за англиските медиуми.

„За пет години Тен Хејг ќе биде далеку од Манчестер и никој нема да се сеќава на времето поминато во Јунајтед. Од друга страна, Роналдо ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери кои играле тука“, изјави Сонес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Прво го избрка од Јунајтед, а сега од Леверкузен: Тен Хаг повторно има „шут-карта“ за ист играч

Ерик тен Хаг не чекаше долго за да ги преземе првите радикални потези како нов тренер на Б…