Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија во Ереван со 2-0 и со трите бодови се зацврсти на првото место во групата.
Првото полувреме беше проблематично за нашиот тим, бидејќи Ерменија имаше шанси и иницијатива, а ние воопшто не бевме опасни, иако постигнавме гол кој беше поништен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Македонија воспостави контрола врз играта на средина на вториот дел, а откако Дарко Велковски пропушти идеална шанса за гол по слободниот удар на Енис Барди во 70 минута, Миовски набрзо донесе водство, а Алими стави печат на победата.
Македонија се зацврсти на првото место во групата 4 во Ц-дивизијата со 10 бодови, но теоретски не го осигура пласманот во Б-дивизијата, бидејќи во ноември не очекуваат уште два натпревари. Во Скопје ги пречекуваме Летонија и Фарски Острови.
Мајсторијата на Миовски погледнете ја во продолжение.