Монако ја постави цената за играчот за врска и француски репрезентативец Орелиан Чаумени, пренесуваат француските медиуми.




Клубот од „кнежевството“ за 21-годишниот Чуамени бара 50 милиони евра.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден француски репрезентативец.




Играчот за врска е на мета на многу европски гиганти, а за неговиот потпис ќе се борат Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челзи и Јувентус.




Монако е спремен да ја пушти својата ѕвезда доколку пристигне понуда од 50 милиони евра.