Дома Фудбал Репрезентации Зајков: Против Бугарија е посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост

Зајков: Против Бугарија е посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост

Репрезентацијата на Македонија вчера беше поразена од Грузија со 2:0 во Тбилиси и така ги загубивме сите шанси за првото место кое води во плеј-офот за Европското првенство.

Македонија и во овој натпревар слично како и во Скопје во добар дел од натпреварот беше подобриот тим на теренот, но на крајот нашите пропуштени напади беа казнети.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Прво сакам да им честитам на Грузијците за победата, иако по мене таа беше незаслужена. Доминравме на терен, но противникот ги искористи шансите. Тоа е фудбалот, грешките се составен дел од оваа игра. Штета што ние не ги искористивме нашите шанси.

Во последниот натпревар од групата Македонија в понеделник во Скопје ќе ја пречека Бугарија.

„Сега против Бугарија на терен да истрчаме со подигнати глави. Не верувам дека ќе имаме психолошки пад на тој натпревар. Нашата цел е три бода, иако тие не ни се важни во овој момент. Против Бугарија ќе биде посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост и за да ги израдуваме нашите навивачи со нова победа“, рече дефанзивецот.

Натпреварот против Бугарија е во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Трансфер бомба штотуку беше сервирана во Барселона!

Јулијан Алварез би можел да стане нов играч на Барселона. Каталонците се уверени дека Арге…