Македонија утре игра против Малта и тоа ќе биде шанса за нови бодови за Македонија, а тоа го чувствуваат и македонските фудбалски репрезентативци.
Изјава пред утрешниот натпревар за медиумите денес даде искусниот дефанзивец, Ѓоко Зајков.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да одиграме прво одговорно, сите да дадеме максимум, затоа што не е наивен противник, има доста квалитет и не треба да се потцени. Со максимален пристап и одговорност да излеземе и да се обидеме да победиме. Со Италија беше друг натпревар. Стануваше збор за квалитетен противник, со кој мора и одбранбено да играш.
Утре ако сакаме да победиме, мора да нападнеме со сите сили. Притисок нема, одиме на секој натпревар да се надигруваме. Фаворит во денешно време во фудбалот може да постои само на хартија, не би рекол дека и тие се аутсајдери. Со Италија полесно е да се игра можеби само од психолошки план, сите ќе кажат Италија е поголем противник, немате притисок, но мислам дека на сите натпревари е исто, не би требало да имаме притисок на ниеден натпревар, дали со Италија или со Малта. Едноставно треба да уживаме во фудбалот и да ја радуваме јавноста“,