Дома Македонски спорт Мак фудбал Захариевски: Од јануари ситуацијата во Вардар ќе биде поинаква

Захариевски: Од јануари ситуацијата во Вардар ќе биде поинаква

Maкедонскиот тренер Срѓан Захариевски кој го предводи Вардар беше гостин во студиот на МТВ за време на вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Летонија и во таа прилика ја коментираше и ситуацијата во црвено-црните.

Како што вели Захариевски пред Вардар е еден од најтешките есенски периоди во историјата на клубот, но најавува дека од јануари клубот ќе се консолидира.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Оваа есен ќе биде една од најтешките во историјата на клубот. Сега се разликуваме од она што клубот може да биде и што треба да биде. Вардар е во фаза на консолидација, од неодамна има нов сопственик. Вардар ќе биде добра приказна, но оваа есен целта е да ги стабилизираме резултатите, да не бидат такви какви што се во моментов. До крајот на есенскиот дел имаме уште девет натпревари и еден или два Куп меча, од нас ќе зависи колку ќе бидат. Репрезентативната пауза ја користиме да работиме и на физички план, имаме по два тренинга дневно. Фудбалерите тешко го издржуваат ритамот среда-недела. Знам дека разочарувањето кај навивачите е големо, особено кај нашиот дванаесети играч, Комитите. Се чувствуваме и ние лошо, многу лошо“, вели Захариевски.

„Јас знам во што влегов, знам колку е голем овој предизвик, гледам светло на крајот од тунелот, затоа што Вардар се консолидира финансиски, ќе гледаме колку што е можно подобро да го минеме овој тежок период и да извадиме колку што е можно повеќе, а од јануари приказната ќе биде поинаква. Тогаш ќе имаме подготовки, ќе се засилиме, ќе земем играчи кои ќе одговараат на лигата и на пролет ќе имаме Вардар каков што сите сакаме, Вардар кој ќе ги нападне местата кои носат во Европа, европски Вардар“, изјави Захариевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Вардар има нов газда!

Oд екипата на Вардар денес и официјално потврдија дека Атила Бижен Жалили откупил 85% од а…