Дома Фудбал Италија Заслужено: Пандев во идеалниот тим на колото!

Заслужено: Пандев во идеалниот тим на колото!

28-то коло во Серија А донесе многу возбудувања и едно големо изненадување кое го приредија Пандев и дружината кои го победија Јувентус со 2:0.

Нашиот репрезентативец Горан Пандев кој беше инспиратор на победата со гол и асистенција, па заслужено се најде во изборот на „тимот на колото“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На голот се најде ветеранот Стефано Сорентино од Киево кој имаше фантастични одбрани во мечот против Аталанта.

Дефанзивната линија ја сочинуваат Стефан де Врај кој постигна гол за Интер во победата над Милан, потоа Чипители од Каљари и Ервин Зукановиќ од Џенова кој одигра одличен меч против Јувентус.

Во средниот ред има двајца играчи на Лацио, Луис Алберто и Адам Марушиќ кои одиграа фантастично во големата победа над Парма, потоа Линети од Сампдорија кој постигна гол против Сасуоло и Жоао Педро од Каљари.

Во нападт покрај нашиот Горан Пандев се најде уште и Кваљарела од Сампдорија кој го постигна својот 20-ти гол оваа сезона против Сасуоло, како и Дрис Мертенс од Наполи кој постигна гол и запиша две асистенции против Удинезе.

На клупата за резерва остнаа Матијас Весино и Лаутаро Мартинез од Интер, Тиму Бакајоко од Милан како и Мохамед Фарас од СПАЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…