Дома Фудбал Англија Зарем имаше дилеми кој ќе биде играч на сезоната во Премиер лигата?

Зарем имаше дилеми кој ќе биде играч на сезоната во Премиер лигата?

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е прогласен за играч на сезоната во англиската Премиер лига.

Халанд во својата прва сезона го предводеше Манчестер Сити до шампионскиот трофеј постигнувајќи друи 36 голови, а додаде и осум асистенции. Ефектот Норвежанецот ќе може да го подобри во последното коло во кое Сити ќе игра против Брентфорд.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Оваа сезона Халанд собори низа рекорди во Англија, а најважниот кој го сруши веројатно е оној на голови во една сезона во Премиер лигата.

Досега овој рекорд со 34 гола го делеа Енди Кол и Алан Ширер, меѓутоа тие 34 гола постигнаа кога во Премиер лигата се играа 42 натпревари, за разлика од сегашните 38.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал изненаден од понудата за младиот талент, доволни беа добрите настапи против Сити

Во последниот пресврт на трансфер пазарот, Реал Мадрид стана главна тема благодарение на н…