Дома Македонски спорт Мак фудбал Започнаа завршните работи на прилепскиот храм на фудбалот, Градскиот стадион „Гоце Делчев“

Започнаа завршните работи на прилепскиот храм на фудбалот, Градскиот стадион „Гоце Делчев“

Стадионот во „Гоце Делчев“ во Прилеп полека го добива финалниот изглед.

“Спортската гордост на најфудбалскиот град во нашата држава, храмот на фудбалот, Градскиот стадион ‘Гоце Делчев’, полека го добива финалниот изглед. Со поставувањето на тревникот, ја започнавме последната фаза од комплетната реконструкција на стадионот. Според планот, очекувам дека до крајот на следната недела ќе завршат сите активности за поставување на новиот тревник. Со тоа, Градскиот стадион ќе добие еден сосема нов лик, по теркот на современите фудбалски арени ширум Европа“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на денешната прес конференција одржана на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хроничарот на прилепскиот фудбал, спортскиот новинар Миле Талески кој 70 години пишува за ФК „Победа“, не ја криеше возбудата што стадионот прераснува во модерен спортски објект, каков што Прилеп заслужува да има.

„Уште 12-13 дена, ќе наполнам 82 години, ама верувајте дека ова ќе ми биде еден од најсреќните денови во животот. Да бидеш најфудбалски град во земјата е голема работа, кога секој втор човек на земјината топка е љубител на фудбалот. За ‘Победа’ и за Прилеп, стадионот значи живот. Овде рекордот е 22.760 продадени карти, за натпреварот меѓу ‘Победа’ и ‘Беласица’. Еве, ја сочувал фотографијата најстариот жив фудбалер, Кирил Атанасоски-Бикерес. Овде имаше багрем, тој трчаше побрзо од сенката, ќе појди и ќе дај гол“, изјави новинарот Талески, потсетувајќи се на времињата кога секој фудбалски натпревар, прилепчани до крај го исполнуваа капацитетот на стадионот „Гоце Делчев“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…