Кога ќе се спомене тимот на Тотенхем првите имиња кои ви паѓаат на памет се Хари Кејн, Деле Али, Ериксен и Покетино, одличниот креатор на игра која ги освојува срцата на многу љубители на фудбалот.
Меѓутоа, име кое ретко се споменува, а константно добро игра е Кореанецот Сон. Бројот 7 на дресот кој трча позади Хари Кејн е роден 1992 година, а од 2015 година е член на Тотенхем. Неговата моментална цена на пазарот изнесува 30 милиони евра, а доколку „спарси“ се одлучат да го продадат сигурно ќе заработат повеќе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот договор со тимот од северен Лондон има важност до 2020 година, а во Англија пристигна од Бундес лигата, каде го учеше фудбалскиот занает. Најпрво во тимот на Хамбургер каде играше до 2013 година, а потоа се пресели во Леверкузен каде за две сезони постигна 21 гол.
Сон не е класична „деветка“ од која се очекуваат 20 и повеќе гола во сезона, но неговото присуство е многу значајно бидејќи му помага на тимот и ослободува простор за Хари Кејн и Деле Али. Притоа со својот преглед на играта и несебичноста тој во сите тимови каде што игра гради статус на незаменлив играч.
Кореанецот оваа сезона за Тотенхем има постигнато два гола во Премиер лигата и два гола во Лигата на шампиони, од кој еден синоќа во победата над Борусија Дортмунд.