Николо Ѕаниоло и официјално беше промовиран како нов играч на турскиот великан Галатасарај.
Заниоло својата фудбалска афирмација ја доживеа во Рома, но самиот побара трансфер и сакаше да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако замина после расправија со клубот, сепак Италијанецот со емотивна порака се прости од Рома.
„Дојдов кај тебе и ти ме пречека како дома. Направи да напредувам, ми даде шанса која јас се трудев да ја искористам со целото мое срце, секогаш почитувајќи ја историјата што ја претставуваш, борејќи се за твоите бои, потејќи се за дресот секогаш кога го носев.
„Ова патување е составено од уникатни емоции кои ќе ги носам засекогаш, како она на 25. мај минатата година, тој гол, тој пехар… за сите нас. Многу беше кажано, премногу, но сега кога кажуваме збогум, сакам да ви кажам една работа…Ми беше чест. Вечно благодарен“, напиша Италијанецот.