Дома Трансфер зона Заниоло не крие дека сака во Јувентус: Би бил пресреќен!

Заниоло не крие дека сака во Јувентус: Би бил пресреќен!

Репрезентативецот на Италија и фудбалер на Галатасарај, Николо Заниоло не ја крие желбата да премине во редовите на Јувентус.

Играчот за врска минатата година ја напушти Рома каде што израсна и премина во Турција. Меѓутоа во договорот со турскиот клуб има клазула според која може да ја раскине соработката ако добие понуда од Италија.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Не е никаква тајна дека од мали нозе навивам за Јувентус, идол ми е Пол Погба. Ако дојде до трансфер би бил пресреќен. Не би имал ништо против и да останам во Галатасарај, ако пристигне добра понуда ќе разговараме. Јувентус е Јувентус, за нив би играл иако не се во Лигата на шампионите“, истакна Заниоло.

„Старата дама“ засега не започнала преговори за Заниоло, но тоа би можело да се случи во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Сега е јасно дека Трент Александер-Арнолд од лето ќе биде играч на Реал Мадрид. Десниот бе…