Николо Заниоло е голема надеж на италијанскиот фудбал и својата Рома. Младиот офанзивен играч за врска конечно влезе во вистинска форма и во последно време повторно покажува дека има капацитет во иднина да прерасне во лидер на тимот.
Приордната позиција на Заниоло е „десетка“, но младиот фудбалер смета дека дресот со број 10 може да биде само на Тоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„И Рома еден ден да ми понуди, не би размислувал за тоа. Би сакал да го задржам својто број од почит кон капитенот (Тоти). Не би ни се обидел да кажам – да“, изјави Заниоло.
Потоа Заниоло зборуваше за своите фудбалски идоли.
„Во детството ме инспирираше Кака поради начинот на кој играше и неговата позиција беше слична на мојата…Уживав да го гледам и Роналдињо. Кога тој играше сакав да гледам, без разлика каде игра“, откри младиот фудбалер.