Фудбалерот на Рома, Николо Заниоло, за првпат проговори по трансфер сагата што се одвиваше околу него во јануарскиот преоден рок.
Заниоло побара да си замине од Рома, а откако не дојде до трансфер во јануари беше исфрлен од тимот да тренира индивидуално.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите информираат дека започнала „војна“ помеѓу Заниоло и Рома и дека фудбалерот може да го тужи клубот за психичко малтретирање.
„Последниве неколку недели беа кажани и напишани многу невистинити. Дојдов во Рома како непознат фудбалер и навивачите ме пречекаа како еден од нив. Ми дадоа самодоверба, храброст и љубов во ужасните и мрачни моменти при моите повреди. Во Тирана со оваа цел (да победам во финалето на Конференциската лига) почувствував дека им се оддолжив за се што добив, придонесувајќи за прекрасен и незаборавен момент на радост за сите романисти. На 23-годишна возраст поминав низ искуства кои многу од моите колеги ги немале во целата своја кариера: паѓање, издигнување, повторно паѓање, нови подеми и триумфи“.
„Последните месеци беа деликатен период за мене, бидејќи ми стана тешко да разберам каква ќе биде мојата професионална иднина. Сепак, секогаш сум работел напорно на теренот и на тренинзите со најголема професионалност. По добиените закани, за првпат почувствував страв за мене и моите најблиски, се почувствував напуштен. Никогаш порано не ми се случило и бев многу исплашен. Иднината е во наши раце, јас ја проширувам мојата и се ставам целосно на располагање на семејството на Рома“, напиша Заниоло.