Потпретседателот и легенда на Интер, Хавиер Занети даде свој коментар за денешниот ждреб за осминафиналето од Лига Европа.
„Нероаѕурите“ во осминафиналето ќе ги одмерат силите со Ајнтрахт Франкфурт, а Занети повика на претпазливост.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе играме со сериозен гермнаски тим. Треба да се подготвиме добро за да ја поминеме оваа фаза. Можеби е добро што ќе бидеме домаќини на реваншот и тоа само три дена пред дербито со Милан. Интер секогаш треба да се стреми да оди до крај во секо ј турнир, но нема слаби тимови во оваа фаза. Се надевам дека ќе успееме да се пласираме во следната фаза“, изјави Аргентинецот.
Секако неизбежно беше прашање за „случајот Икарди“, што во моментов е главна тема во Интер, а занети го повика поранешниот капитен да ги реши проблемите во соблекувалната.
„Икарди и понатаму е многу важен фудбалер за нас. Се надеваме дека ќе може да игра на натпреварите со Ајнтрахт во Лига Европа. Кога има проблем во соблекуваната, треба да биде решен таму. Жалам за тоа што се случи. Фудбалерите се дел од една група и треба да има разбирање за тоа што се случи. Никој играч не е поважен од тимот. Одлуката која ја донесовме беше добро обмислена“, истакна Занети.
Ottavi di @EuropaLeague: sarà @Eintracht vs Inter!
Andata il 7 marzo, ritorno il 14 marzo ?#UELdraw #UEL #ForzaInter ?⚫️? pic.twitter.com/0bmsvG7fRV
— Inter (@Inter) February 22, 2019