Един Џеко е на излзна врата од „Олимико“ и наскоро би требало да го комплетира трансферот во Челзи, а раководството на Рома веќе бара негова замена.
Со оглед на фактот дека тренерот Ди Франческо може како централни напаѓачи да ги игра Дефрел и Шик, раководството на Рома тргна по крилниот напаѓач на Барселона, Жерар Делуфеу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Делуфеи е на излезна врата од „Камп Ноу“, не добива голема минутажа, а тренерот Валверде му порача дека може да си бара нов клуб.
За него интерес од поодамна покажуваат Интер и Наполи, но сега во траката за неговиот потпис се приклучи и Рома. Спортскиот директор Мончи веќе стапил во контакт со каталонскиот клуб кој бара 20 милиони евра за слободата на Делуфеу.
Рома нема да има проблем да ја плати таа сума, па останува да се види дали играчот ќе прифати да се пресели на „Олимпико“.