Италијанските медиуми тврдат дека Еусебио Ди Франческо ќе добие отказ доколку во недела Рома не победи против Џенова на „Олимпико“, тврдат италијанските медиуми.
Играчите на римскиот клуб последните денови пред утрешниот натпревар ги помина во карантин, така наредни клупската управа. Иако во „Волчицата“ се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, Рома во италијанското првенство се наоѓа на осмата позиција со 21 освоен бод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ди Франческо изминатата сезона со Рома ја освои третата позција во националното првенство, додека во Лигата на шампионите стигнаа до полуфиналето каде што беа елиминирани од Ливерпул.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Паоло Соуса е прв фаворит за наследник на Ди Франческо. Наводно тој веќе го прифатил шестмесечниот договор.
Тие шест месеци би биле како пробен период, после кој доколку ги оправда очекувања ќе добие и повеќегодишен договор.
Соуса во досегашната кариера беше тренер на Фиорентина, Базел, Свонси, Лестер, Квинс Парк Ренџерс, Макаби, МОЛ Види и Тијанџин Куанџин.