Натпреварите во Лига на шампиони и Лига Европа ќе продолжат откако ќе завршат домашните првенства.
УЕФА одлучи завршните руни во нокаут фазата во двете клубски натпреварувања да се одиграат во август. Тоа го потврди и претседателот на Лион, Жан Мишел Ола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ола за француските медиуми откри дека веќе е закажан натпреварот од осминафиналето помеѓу Лион и Јувентус. Натпреварот ќе се одигра на 7. август.
„Натпреварот против Јувентус е потврден за 7. август. Ќе се игра во Торино и без присуство на публика.“ – изјави Ола за РТЛ Франција.
„Ако жалбата во Лига 1 да се игра плеј-оф не вроди со плод тогаш Лион и ПСЖ ќе бидат “масакрирани” во ЛШ од екипи кои ќе бидат физички поспремни од нас.“ – додаде тој.
Во првиот дуел Лион го победи Јувентус со минимални 1:0, додека ПСЖ веќе се пласира во четвртфиналето откако во двомечот беше подобар од Борусија Дортмунд.