Дома Фудбал Италија Задачата ќе му биде пеколно тешка: Пиоли пред отказ во Милан?

Задачата ќе му биде пеколно тешка: Пиоли пред отказ во Милан?

Фудбалерите на Милан вечерва го играат реваншот против Интер во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе се обидат да ја надокнадат негативата од два гола (0-2).

Милан се наоѓа во тешка позиција и во Серија А, односно го чека пеколна битка до крајот за пласман во топ-4 и место во ЛШ идната сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Доколку екипата не избори место во топ-4 во Серија А, а притоа Милан не го освои ниту трофејот во ЛШ, тогаш тренерот Стефано Пиоли ќе добие отказ.

Кога е Серија А во прашање Милан е во незавидна позиција затоа што заостанува четири бода во последните три кола. Во овој момент на четвртата позиција е Лацио со 65, „росонерите“ имаат 61.

Во Лигата на шампионите вечерва ги чека реваншот против Интер, а првиот натпревар го загубија со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…