Дома Фудбал Италија Заврши драмата во Серија А: Аталанта и Интер одат во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Заврши драмата во Серија А: Аталанта и Интер одат во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Последното коло во Серија А донесе навистина многу возбудувања.

Аталанта, Интер и Милан водеа борба за пласман во Лигата на шампионите, а на крајот таму ќе играат Аталанта и Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тимот од Бергамо до најголемиот клупски успех во историјата стигна со победата над Сасуоло од 3:1.

Лошо започна за Аталанта, Берарди во 19-тата минута постигна гол за 0:1, но многу брзо Запата погоди за 1:1, тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.

Остана Сасуоло потоа без Берарди кој беше исклучен во продолжението, а Аталанта предноста од играч повеќе ја искористи и со головите на Гомез и Пашалиќ стигна до победа од 3:1 и пласман во Лигата на шампионите.

Интер го победи Емполи со 2:1 во натпревар кој донесе огромна драма во финишот кога играчите на Емполи пропуштија одлични прилики за изедначување.

Интер поведе во 51-та минута, потоа Икарди промаши пенал, а Траоре подоцна погоди за 1:1. Раџа Наинголан во 81-та минута донесе предност од 2:1. Херој на Интер во овој натпревар беше Самир Хандановиќ кој запиша неколку фантастични интервенции. Емполи со овој пораз испадна од Серија А.

Поради победите на Интер и Аталанта, Милан иако славеше против СПАЛ со 2:3 ќе мора да се задоволи само со Лигата на Европа.

Рома во натпреварот во кој од овој клуб се простуваше Даниеле Де Роси ја совлада Парма со 2:1, Удинезе со 1:2 беше подобар од Каљари, додека Фиорентина и Парма одиграа онака како што им одговораше и на двата клуба, 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Германецот сака само во Реал, неговиот клуб одреди цена од 50 милиони евра!

Капитенот на Борусија Дортмунд Нико Шлотербек ја донесе својата одлука – ако ја напу…