Дома Трансфер зона „Заборавете на Мбапе и Халанд, Барселона нема пари за такви играчи“

„Заборавете на Мбапе и Халанд, Барселона нема пари за такви играчи“

Виктор Фонт е еден од тројцата кандидати за нов претседател на Барселона и тој не сака да им дава лажна надеж на играчите.

Фонт во претседателската кампања е искрен и порача дека не може да се очекува во Барселона да пристигна супер ѕвезди во блиска иднина.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Заборавете на Мбапе, Халанд или уште некои такви играчи. Барселона нема пари за такви играчи“, јасно порача Фонт.

Тој потврди дека со актуелниот привремен претседател на Барселона работат на доведување на Ерик Гарсија.

„Ние што сме тројцата кандидати ќе седнеме со привремениот претседател Тускетс за да се договориме што побрзо тој да се врати во Барселона“, откри кандидатот за прв човек на Каталонците.

Најсилно засилување ќе му биде Меси.

„Тоа ќе биде Меси затоа што ќе остане ако му претставиме победнички проект. Се уште не сум зборувал со него, но тоа го направи Чави. Убеден сум дека токму Чави ќе го убеди дека нашиот проект е најдобар за Барселона“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…