Дома Македонски спорт Мак фудбал ЖФК Каменица Саса победи со 18:0 против ЖФК Кочани

ЖФК Каменица Саса победи со 18:0 против ЖФК Кочани

Лидерот во македонската женска прва лига, Каменица Саса викендов оствари убедлива победа против Кочани и славеше со дури 18:0.

Во оваа висока победа најмногу се истакнаа Стефани Маринковска и Марјана Нацева кои постигнаа по четири гола, Пале Николовска и Мила Талевска запишаа хет-трик, Рабија Дервиши беше двоен стрелец, а мрежата ја тресеа уште Моника Георгиева и Анастија Маринкова.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Саса е лидер на табелата со 42 освоени бодови, Тиверија има четири помалку, Деспина Прилеп 37, а Скопје и АСС Унитед по 34…

Тиверија – Скопје 3:0
Љуботен – Топ гол 1:0
Шкендија – АСС Унитед 1:0
Деспина Прилеп – Плачковица 8:0
Каменица Саса – Кочани 18:0
Атлетико – Истатов 2015 0:4
Борец – Шкупи 5:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…