Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру изјави дека не ја исклучува можноста во јануари да ја промени средината.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Минатата зима бев блиску до трансфер во италијанското првенство. Таму играат многу големи фудбалери, меѓутоа трансферот не се реализираше. Ќе видиме што ќе се случи во блиска иднина. Во јануари ќе решам во зависност од тоа какви опции имам“, изјави Жиру.
„Не исклучувам ништо, но засега не се гледам себе си во француското првенство. Сакам да играм на највисоко ниво во Европа уште 2-3 години и потоа да пробам искуство во САД“, додаде Французинот.
Договотот на Жиру со Челзи завршува на крајот на сезоната, а неколку италијански клубови покажуваат интерес за неговиот потпис.